Назад
НАЈЧЕСТО ПОСТАВУВАНИ ПРАШАЊА
Ви даваме шанса да освоите гратис филмови! Има вкупно 204 награди во форма на код за Rakuten TV 1 x €120 (или еквивалент во локална валута) што може да се освојат за време на главниот промотивен период. Има два продолжени периоди по главниот промотивен период.
Главниот промотивен период почнува на 3-ти октомври 2023 г. и завршува на 31-ви јануари 2024 г. Може да учествувате еднаш дневно за време на главниот промотивен период.
Има два продолжени периоди од 1-ви јануари 2024 г. до 29-ти март 2024 г. во коишто има две награди, код за Rakuten TV 1 x €120 (или еквивалент во локална валута), една по потпериод.
Треба да го скенирате QR-кодот на која било лименка Pringles (освен во Македонија и Црна Гора) или на промотивните материјали во продавниците, или може директно да ја посетите Pringles.com. Ќе треба да се пријавите на постојна сметка на Kellogg’s или, ако сте нов корисник, да креирате сметка на Kellogg’s. Искуството со проширена реалност (AR) потоа ќе започне и ќе треба прво да ја скенирате лименката Pringles (освен во Македонија и Црна Гора), а потоа да ја завршите играта со проширена реалност во најкраток можен рок.
Само за Македонија и Црна Гора не е потребно купување. Ќе треба да се пријавите на постојна сметка Kellogg’s или ако сте нов корисник, да креирате сметка Kellogg’s. Учествувајте во промоцијата и ќе започне искуството со проширена реалност (AR), а потоа ќе ја завршите играта AR во најкраток можен рок.
Може да учествувате еднаш дневно.
Оваа промоција е отворена само за лица на возраст од 18 години или постари.
Да, ви треба лименка Pringles за да учествувате.
Учесниците мора:
- да купат лименка Pringles;
- користејќи паметен телефон или таблет, да ја посетат страницата Pringles.com и да се најават на или да регистрираат сметка на Kellogg's и да ги исполнат барањата за повеќефакторска автентикација;
- да ја скенираат лименката за да започне играта со проширена реалност (AR);
- Завршете го предизвикот во играта со проширена реалност („предизвикот“) во најбрзо време.
- Одете на Pringles.com и регистрирајте сметка на Kellogg’s, ако не сте го сториле тоа досега, и исполнете ги барањата за повеќефакторска автентикација доколку е потребно;
- Следете ги упатствата за да го стартувате предизвикот во играта со проширена реалност („предизвикот“).
- Завршете го предизвикот во играта со проширена реалност („предизвикот“) во најбрзо време.
Учесникот кој успешно ќе го заврши предизвикот најбрзо во секој промотивен потпериод ќе се смета за победник за тој промотивен потпериод.
Следете ја врската „Заборавена лозинка“ или „Заборавено име за најавување“ и следете ги упатствата на страницата за најавување.
Проверете дали правилно ја поставувате лименката Pringles во прозорецот за проширена реалност, со логото Pringles на предната страна. Ако сè уште се соочувате со проблеми, може да ни се обратите преку страницата „Контакт“ на: https://www.pringles.com
Може да се обратите на линијата за корисници Kellogg’s Careline преку страницата „Контакт“ на веб-страницата: https://www.pringles.com
За сите проблеми поврзани со користењето или преземањето на наградата, обратете ни се на support@rakuten.tv
Треба да можеме да го откриеме движењето за вие да можете да комуницирате со играта. За време на играта не се зачувуваат лични информации или снимки.
За најдобро можно искуство, предлагаме да користите Safari на iOS или Chrome на Android.
Ако сте среќен добитник на код за Rakuten TV од €120 , наградата ќе ви биде пратена на е-поштата со која сте се регистрирале за сметка на Kellogg’s. Се трудиме да ја изршиме испораката на наградите во рок од 28 дена од освојувањето.
Не можеме да ги менуваме податоците на нарачката откако е веќе поднесена. Добро проверете ги податоците пред да го поднесете образецот.
Кодот за Rakuten TV важи 12 месеци. Сите изнајмувања на филмови треба да се завршат пред истекот на рок.
Кодот за Rakuten TV може да се искористи за изнајмување филмови што се дел од понудата.
Дозволени се максимум 24 изнајмувања на филмови во рамките на 12-месечниот период, користејќи го кодот за Rakuten TV.
Потребна е да имате регистрирана сметка на Rakuten TV, којашто е бесплатна. Ако немате постоечка сметка на Rakuten.tv, ќе треба да се регистрирате на Rakuten TV и да ги прифатите Условите за користење, договорните услови, Политиката за приватност и колачињата.
За повеќе детали, како и за сите услови во врска со користењето на наградата, одете на:
Црна Гора: https://rakuten.tv/me/pages/terms_and_conditions_of_use
Повеќе податоци за Правилата и условите има на пакувањето, а целосната верзија на Правилата и условите е достапна на: https://www.pringles.com
Може да се обратите на линијата за корисници Kellogg’s Careline преку страницата „Контакт“ на веб-страницата: https://www.pringles.com
ИМАТЕ УШТЕ ПРАШАЊА?
Ако сакате да дознаете повеќе за натпреварот, контактирајте со службата за клиенти.